Дали ЕУ ќе биде подготвена за нови членки и кога, прашува Димитров

од Nikola Popovski
228 прегледи

Претседателот на „Солуција“ и поранешен министер за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за британски „Гардијан“ поставил прашање: дали Европската Унија вистински ќе биде подготвена за нови членки и кога?

Според него, актуелниот форум во Гранада е можност за лидерите од Западен Балкан да ги претстават нивните земји како вредни партнери и да ја зајакнат врската со другите европски лидери.

-Исто како и луѓето воопшто. Кога лидерите редовно се среќаваат тие развиваат чувство на припадност, заедница и се навикнуваат еден на друг, што се надеваме дека ќе стопи дел од резервираноста околу проширувањето и ќе ги омекне попроблематичните релации, изјавил Димитров, пренесуваат од невладината „Солуција“.

Слични содржини