Брзото пиење на засладените пијалоци и чекањето кратко време за да измиете заби после пиење кафе може многу да помогне во заштитата на вашата насмевка.
Ако се разбудите наутро, пиете кафе, а потоа ги миете забите, можеби ќе сакате да размислите повторно дали тоа е добра идеја. Имено, д-р Вера Танг, клинички доцент на Стоматолошкиот факултет на NYU вели дека треба да го избегнувате тоа. Причината е што кафето е кисело и може да потрае околу половина час за протеините од плунката да ја разградат таа киселина во вашата уста. Ако ги миете забите веднаш по кафето, ја туркате киселината во порите на забите, пишува Yahoo.
Има добри вести за оние кои пијат кафе со многу млеко. Имено, млекото го намалува нивото на киселост и на тој начин индиректно им помага на забите. Сепак, и во тој случај, стоматологот препорачува да промучкате малку вода во устата непосредно пред миењето. Ова ќе помогне да се исфрли киселината. Без разлика, на сите им се препорачува да чекаат најмалку половина час откако ќе испијат кафе пред да ги измијат забите.
Освен тоа, не треба нужно да се грижите за тоа колку време ви е потребно да го испиете утринското кафе, без оглед на тоа каков тренд сте виделе на социјалните мрежи неодамна, вели Џули Чо, доктор на науки, стоматолог во Њујорк. И покрај тврдењата дека продолжената изложеност на киселината од кафето може да биде штетна, големи се шансите дека ако пиете кафе како и обично, веројатно сте добро.
Иако самото кафе можеби нема да направи некоја значителна штета ако обично го пиете со часови, оваа навика може да биде штетна за луѓето кои сакаат шеќер со своето кафе.
„Кога пиете кафе цел ден, содржината на шеќер е поголем проблем од киселоста“, вели др. Танг. Бидејќи шеќерот може да доведе до кариес, најдобро е да го консумирате одеднаш, во рок од 5 до 10 минути наместо во текот на денот. Тоа е затоа што бавното и стабилно консумирање шеќер може да резултира со значително повеќе оштетување на забите отколку едно брзо изложување.