Дали имате вртоглавица кога станувате? Еве што ви порачува телото

од Stefanija Kuzmanovska
256 прегледи

Можеби не ви е познат поимот ортостатска хипотензија, но доколку ви кажеме дека се работи за вртоглавица за време на станување, сигурни сме дека сте ја доживеале барем еднаш.

Кога стануваме од седечка или лежечка положба, нашиот крвен притисок опаѓа и тоа може да доведе до вртоглавица или дури и привремена блага зашеметеност, која трае кратко и обично поминува брзо.

Само фактот дека вашиот крвен притисок паѓа не е ништо за што треба да се грижите, но одредени лекови, дехидрација, обилни оброци и долги периоди на седење или лежење исто така можат да придонесат за ова чувство на вртоглавица.

Како да се спречи или ублажи вртоглавица?

-Доколку е можно, избегнувајте лекови кои го намалуваат притисокот, но само во договор со лекар
-Пијте доволно течности во текот на денот
-Станувајте полека и внимателно
-Поделете ги редовните оброци на неколку помали оброци
-Вежбајте редовно и избегнувајте долго седење.

Кога е време за посета на лекар?

Вртоглавицата обично не е причина за загриженост доколку брзо помине, но задолжително консултирајте се со лекар доколку сфатите дека сте ја изгубиле свеста, ако таа трае подолго време по станувањето или ако е придружена со други симптоми како на пример гадење и повраќање.

Слични содржини