Почетокот на вакцинацијата против коронавирус ќе го означи почетокот на крајот на пандемијата. Иако е во тек долга и макотрпна постапка, податоците сугерираат дека земањето мултивитамини и неколку други додатоци може да понудат некои заштитни мерки.
Додека ефективно не се вакцинираат сите групи, изнаоѓањето начини за ублажување на заканата од инфекција со коронавирус останува врвен приоритет.
Опсежната анализа на податоци обезбедени од корисниците на апликацијата ZOE COVID Simptom Study укажува на тоа дека одредени додатоци во меѓувреме можат да бидат превенција и да спречат понатамошно ширење на вирусот.
Истражувачите кои стојат зад апликацијата, побараа од корисниците да ги информираат за суплементите кои ги користеле за време на пандемијата.
Со учество на 1,4 милиони корисници, досега е најзабележана употребата на витамини.
– Баравме какви било корелации помеѓу земањето суплементи и пријавување на позитивни тестови на ковид користејќи PCR или серолошки тест или кај симптоми кои се предвесници на ковид – наведува д-р Кристин Мени.
– Откривме дека мултивитамините, витаминот Д, омега-3 и пробиотички суплементи имаат мал заштитен ефект кај позитивно тестираните на коронавирусот. Покрај тоа, не видовме заштитен ефект кај другите суплементи како што се витамин Ц, лук и цинк – изјави таа.
Меѓутоа, кога Кристин и нејзиниот тим ги сумирале своите резултати по пол, се појавила интересна шема.
– Откривме дека мултивитамини, витамин Д, омега 3 и пробиотички суплементи скромно помогнале во заштитата на жените, но не го видовме истиот заштитен ефект кај мажите. Тоа беше изненадувачки резултат – истакнала Кристин.
Според истражувачите, луѓето кои земаат витамини и други суплементи веројатно можат подобро да се грижат за целокупното здравје и да преземат чекори за да го избегнат вирусот, како што се носење маски и често миење на рацете.
Ова би можело да објасни зошто луѓето кои земале суплементи имаат помала веројатност да се заразат.