206
Повоениот план на Израел не е „трајна окупација“ на Газа, изјави Марк Регев, советник на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Во изјава за Си-Ен-Ен, тој рече дека Израел размислува за „пофлексибилна“ опција, која ќе дозволи влез и излез во енклавата по потреба, со цел да се решат безбедносните ситуации и дека не се зборува за можна трајна окупација на Појасот Газа.
Запрашан да ја коментира изјавата на Нетанјаху за американските медиуми во понеделникот дека Израел ќе има „целосна безбедносна одговорност“ во Газа на „неопределен период“ по крајот на војната, Регев рече дека треба да се направи разлика помеѓу „безбедносно присуство и политичка контрола“.