Дали ќе му објави војна на Израел? Започна обраќањето на лидерот на Хезболах

од Stefanija Kuzmanovska
350 прегледи

Лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, го започна своето обраќање, прво од почетокот на војната во Израел на 7 октомври.

Целиот свет со големо внимание го следи говорот на Насрала, кој може да објави сеопфатна војна против Израел.

Во овој момент не се знае каде точно се наоѓа и од каде се обраќа.

На почетокот на своето обраќање, лидерот на Хезболах им оддаде почит на „либанските и палестинските маченици“ кои загинаа во конфликтот.

„Мои браќа и сестри, мир на сите вас. Денеска сме тука да се потсетиме на оние кои се модели на Хезболах“, започнал Насрала.

Голем број граѓани се собраа на улиците во јужниот дел на Бејрут, држејќи ја фотографијата на Насрала, а кои пред почетокот на говорот, наводно, извикувале воени извици и на видеопроектор гледале фотографии од нападите на Хамас врз Израел.

Хасан Насрала е познат како „водечкиот глас“ во регионалната воена алијанса основана од Иран за да им се спротивстави на САД и Израел, позната како „Оска на отпорот“.

Неговите изјави доаѓаат откако Хезболах вчера го изврши она што се чинеше дека е најголем напад врз Израел до сега. Како што се тврди, извршени се 19 истовремени напади на позиции на израелската армија и за првпат се употребени беспилотни летала со експлозив. Затоа денеска Израел дополнително ги засили своите трупи на северот на земјата долж границата со Либан.

Слични содржини