Дали Комисијата за заразни болести ќе го одложи пописот за неколку месеци подоцна?

од Nikola Popovski
298 прегледи

Мислењето од Комсијата за заразни болести дека попис би ја влошил состојбата со пандемијата е причина поради која пописот наместо во април, би можел да се спроведе неколку месеци подоцна. Од ДЗС велат дека е изводливо одложувањето но само со измени во законот или евентуално ново законско решение кое повтопрно ќе мора да помине под лупата на пратениците.

Можност за одложување на пописот најави и премиерот Зоран Заев, откако претседателот Стево Пендаровски изјави дека би било добро, власта и опозицијата да направат компромис и пописот да се одржи два-три месеци подоцна од планираното. Но, опозициската ВМРО ДПМНЕ бара одложување за една година или спроведување на целосно електронски попис. За тоа веќе и собираат потписи со цел како што велат да покажат дека и граѓаните се против оваа операција во услови на Пандемија . Опозициската партија за таа намена ќе треба да собере најмалку 10 илјади потписи и да ги достави до собранието иако и преку својата пратеничка група можат да делуваат во законодавниот дом за престанувње на важноста на веќе донесениот закон.

Законот за попис беше донесен пред само три недели со образложение дека од 1-ви до 21-ви април сосема ќе е безбедно да се спроведе статистичката операција која државата ја нема веќе 19 години.

Слични содржини