Дали конфликт со Камерон Дијаз придонел за влошената здравствена состојба на Џејми Фокс?

од Stefanija Kuzmanovska

Медицинските компликации поради кои Џејми Фокс беше хоспитализиран ги изненадија неговите следбеници, а извори запознаени со ситуацијата на сетот на новиот филм откриваат дека актерот бил многу кавгаџиски расположен, што резултирало со караница со Камерон Дијаз. Актерката се вратила на негово убедување, но се чини дека на Фокс сепак не му се допаѓа нејзиното враќање.

Џејми Фокс е во болница веќе една недела, но јавноста се уште не е запознаена што точно се случило со популарниот актер. Веста дека актерот страда од медицински компликации ја сподели неговата најстара ќерка преку Инстаграм, а јавноста ја замоли за приватност. Сепак, се шпекулира дека Фокс колабирал на снимањето поради лошите односи со колегите, особено со Камерон Дијаз.

Актерката, која официјално ја заврши кариерата во 2018 година по 40 филмови, реши да се врати на сетот на барање на Фокс, но изгледа дека атмосферата на сетот на филмот „Back in Action“ не е баш идилична.

Како што пренесува „Дејли Мејл“, Камерон Дијаз мрази да биде разделена од нејзиниот сопруг Бенџи Мејден, а особено од нејзината тригодишна ќерка Редикс. Извор открил дека Дијаз се борела со зафатен работен распоред додека го снимала „Back In Action“, на кој Фокс ја наговарал да го направи. Од ноември минатата година, таа учествува на снимањето на акциона комедија во Велика Британија и по десет часа дневно – драгоцено време кое всушност може да го посвети на своето мало семејство.

Џејми Фокс, покрај глумата, е и продуцент на филмот и наводно не е задоволен од фактот што актерката го привлекува целото внимание.

„Некој би помислил дека би бил среќен да ја убеди да глуми во неговиот филм. Но, тој мрази што таа е во центарот на вниманието“, откри извор запознаен со атмосферата на снимањето.

Џејми Фокс наводно имал испади на сетот предизвикани од недостаток на внимание, поради што влегол во конфликт со колешката Камерон Дијаз. Постапките на Фокс покажуваат дека Дијаз постапила погрешно кога се согласила да се врати на актерството.

Слични содржини