Дали „лудиот“ Маск е најголемата причина зошто луѓето купуваат Tesla?

од Vladimir Zorba

Можете ли да се сетите на името на директор, шеф или сопственик на автомобилска компанија? Претпоставувам дека 99 проценти од луѓето спонтано ќе одговорат на тоа прашање со – Елон Маск. Ниту еден човек во историјата не бил олицетворение на автомобилска компанија во таква мера, нејзино лице и опачина, како харизматичниот претприемач кој доста успешно се справува со се и секого.

Маск е сеприсутен и подготвен на се за да остане така. Тој е една од најголемите светски ѕвезди на социјалните мрежи која не бира начин да се стави себеси и своите компании во преден план.

Можете ли да замислите Кристијан Мениер од Jeep да танцува глупо на сцената за да го одбележи отворањето на нова фабрика, Флоријан Хетел од Opel да пуши марихуана за време на интервју за подкастот на Џо Роган, Клаус Зелмер од Škoda да твита дека акциите на компанијата се прескапи или како Беатрис Фоучер од DS како лансира DS 9 во вселената?

Тешко, затоа што веројатно немате поим дека овие луѓе воопшто постојат. Но, вие добро го познавате Маск, меѓу другото, затоа што тој го направи сето горенаведено (добро, не го лансираше DS9, туку Tesla Roadster) и е подготвен да направи повеќе), според „Јутарњи“.

Маск е синоним за Tesla и електричните автомобили и многу луѓе го обожаваат, го гледаат како пример. Сепак, како што е вообичаено со екстравагантните ѕвезди, многумина не можат да go сфатат Маск. Наводно меѓу нив има и голем број вработени во Tesla.

Во своите испади, Маск е често агресивен, навредува, а понекогаш и многу неодговорен, но често е и многу смешен, храбар, им пркоси на конвенционалните нешта и делува многу, многу паметно.

Несомнено е дека неговото лице и дело се најголемата реклама, но и најголемата антиреклама за Tesla. Многумина го избраа овој автомобил токму затоа што му веруваат на Маск. Другите не би го купиле дури и да е единствен на светот, бидејќи не му веруваат на Маск.

Компанијата е првенствено толку успешна поради Маск. Не, не ја занемаруваме работата на илјадници генијални инженери зад моделите на Tesla, но без Маск немаше да има успех. Истото би се случило ако еден ден пропаднат катастрофално. Никој не би ги обвинил малите „ѕверки“, дури ни автомобилите. Виновникот број еден, два и три би бил Маск.

Слични содржини