Дали Македонија е подготвена за примање бегалци од Украина?

од Берта Китинска
269 прегледи

Поради руската инвазија повеќе од половина милион бегалци ја напуштија Украина. Дел од нив со воз, некои и пеш, измрзнати на ниски температури бараат засолниште во некоја од европските земји . Надлежните информираат дека се подготвени да ги понудат своите капацитети доколку се случи бегалски бран.

-Нашата земја е солидарна со случувањата во Украина, доколку има потреба и бегалци од Украина бараат прибежиште тука ќе дадеме поддршка на граѓаните и ќе понудиме капацитети во рамки на нашите можности, информираат за „Локално“ од Министерството за надворешни работи.

Оттаму велат дека надлежните институции веќе имаат добиено задолженија да ги разгледаат сместувачките капацитети коишто се под нивна сопственост.

-Се согледува нивната функционалност и можност да се стават на располагање.
Владата на Република Северна Македонија ќе донира воени средства и опрема за вооружените сили на Украина. Со тоа, Владата се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ.Доделивме воена опрема и вооружување, согласно барањето на украинските власти. Со донацијата не се намалува вооружувањето и капацитетот на нашата Армија, посочуваат од МНР.

Во знак на солидарна помош, Црвен крс издвои 10.000 евра за украинската организација.

-Во моментов во нашата држава се уште нема лица кои побарале помош, а потекнуваат од Украина вели во изјава за „Локално“ , Сузана Тунева Пауновска од Цревениот крст.

Таа напоменува дека организацијата во осработка со институциите на системот ќе реализира поддршка од зависност на потребите на лицата кои ќе пристигнат во земјата.

-Отворена е сметката на Фондот на солидарноста за помош за населението во Украина, како и телефонскиот број 143 400, каде со секое вртење се донираат по 100 денари. За тоа колку срдства се собрало ќе се знае на 15 март, вели Тунева Пауновска.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска информираше дека министерството добиле задолженија да ги разгледаат капацитетеите што се во нивна сопственост и на нивно располагање, колку се тие се функционални и дали би можело да се стават на располагање.

Таа најави дека во скоро време и Владата ќе излезе со подетална информација околу тоа кои капацитети би ги ставиле на раполагање за евентуално сместување на бегалци.

– Имаме предвид дека очекуваме при ваква воена агресија дека ќе има и огромен бран бегалци. Точната рута на движење на граѓаните кои бегаат од воените жаришта сега за сега не се движи кон нашата држава. Но, апсолутно како земја која е дел од НАТО и веќе деклариравме дека сме солидарни со случувањата, ќе понудиме капацитети во рамки на нашите можности, рече Петровска.

Според неа, би се користеле капацитети кои беа користени, а се во сопственост на МО, и во претходните бегалски кризи, но и КОВИД кризата. Тие сега се во фаза на проверка, каква им е состојбата и дали можат да бидат ставеи во функција.

660.000 луѓе ја напуштија Украина

Повеќе од 660.000 луѓе ја напуштиле Украина откако Русија почна да ја напаѓа земјата, според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

„Сега имаме над 660.000 бегалци кои избегаа од Украина во соседните земји само во последните шест дена“, рече портпаролката на УНХЦР Шабија Манто.

Според ОН, најмногу бегалци има во Полска, а потоа следат Унгарија, Молдавија, Романија и Словачка.

Б.М.

Слични содржини