Дали Мицкоски се договарал со Касами за промена на името и знамето?, прашува Богоев

од Nikola Popovski
248 прегледи

Дали Мицкоски се договарал или преговарал со Касами околу неговата идеја за промена на македонските химна и знаме, праша потпретседателот на СДСМ и директор на Царинската управа, Стефан Богоев. Тој во својата објава на социјалните мрежи додаде дека лидерот на БЕСА, Биљал Касами стана градоначалник на Тетово токму со помош на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните чекаат итни одговори, потенцира Богоев.

Богоев го постави прашањето алудирајќи на вчерашната изјава на лидерот на Христијан Мицкоски дека по следните избори, ДУИ ќе замине во опозиција, а како можен коалиционен партнер доколку победи ја спомна албанската опозиција, во чии редови е и лидерот на БЕСА, Касами.

Претходно, Касами во гостување на Тв Сител рече дека е многу важно химната да ја рефлектира реалноста во државата, односно да не се однесува само на Македонците, туку и на останатите етникуми.

Тој е дециден дека во ниту еден случај не злоупотребува етнички чувства на своите сограѓани за да добие, како што рече, глас повеќе.

-Моите постапки се согалсно барањата на Албанците и тоа утре сакам да биде решено со закон како што е решено во делот со знамето. Сè додека химната на државата ги повикува Македонците како етникум и се однесува на Македонците, а не се однесува на граѓаните односно на Албанците, на Турците и на другите етнички заедници, ние ќе се повикуваме на нашата етничка химна. За и Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од таа химна. Во овој дел мора да разјаснам, ние не сме против химната да се однесува на Македонците, но треба да се однесува и на Албанците, кажа Касами.

Темата со химната стана актуелна откако по општина Аеродром и Гази Баба ја одобри одлуката наставата понеделнички да почнува со интонирање на државната химна. Според општините, целта е децата да имаат почит и љубов кон татковината уште од најрана возраст.

Слични содржини