ВМРО-ДПМНЕ попладнево на Централен комитет ќе го избере новиот генерален секретар на партијата кој треба да го замени Игор Јанушев.
Неофицијално, според извори од партијата, најголеми шанси за нов генерален секретар има Антонио Милошоски.
Јанушев ја поднесе оставката пред десетина дена, со образложенбие дека тоа на седницата на Извршниот комитет го сторил од лични причини, но и дека останува верен на политиките на партијата.