Дали на Јунајтед му треба Кејн покрај Кавани?

од Vladimir Zorba
385 прегледи

Манчестер Јунајтед ја заврши својата работа на првиот натпревар, Единсон Кавани се погрижи да нема најмала драма во вториот. И уште еднаш потврди дека англискиот гигант го направи вистинскиот потег кога го донесе на „Олд Трафорд“. Сега, сепак, се поставува прашањето дали клубот со најголеми аспирации може долгорочно да се потпре на 34-годишниот напаѓач? Или му треба помлад и побезбеден избор на центарфор? Или му треба крило?

Ова се дилемите за кои се зборуваше и по безболниот пораз од Рома (2:3). Сите се согласуваат: Кавани го стори своето. Но, навивачите сакаат да зборуваат за засилувања. Особено сакаат кога станува збор за Хари Кејн и Ерлинг Халанд. Го знаат тоа и на „Олд Трафорд“. Тие исто така знаат дека овие приказни и ваквите засилувања носат профит. Но…

„Секој навивач на Јунајтед ги посакува Хари Кејн или Ерлинг Халанд, но парите што би ги барале ваквите трансфери во такви околности едноставно не се реални. И Кавани заврши одлична работа. Дајте му нов договор, тоа е голема плата, но нема надомест, и мислам дека им треба десно крило. За парите што би ги дале за Халанд или Кејн, тие можат да донесат тројца фудбалери“, вели Овен Харгривс, поранешен ас на Јунајтед.

Рио Фердинанд не се согласува. Не затоа што Кавани е лош. Напротив.

„Загрижен сум што ќе се случи ако Кејн или Халанд заминат во друг клуб. Погледнете колку широк беше Баерн минатата сезона, Сити оваа сезона. Јунајтед е клуб на кој му треба врвен напаѓач во следните пет години. Зборувам за Кејн или Халанд. Кавани ќе забави, тој не е идеално решение дури и кога станува збор за повреди. Пропушти многу игри“.

Добро, што е со другите решенија?

„Се зборува за тоа, но дали некој од нив може да игра центарфор? Не ги гледам таму. Кога велам центарфор мислам на Кејн и Халанд. Ентони Марсијал, Мејсон Гринвуд, Маркус Рашфорд … Јас едноставно не ги гледам како централни напаѓачи. Тие се крила“, заклучува Фердинанд.

Слични содржини