Сибирски и северозападни варијанти на коронавирусот се формирани во Русија, изјавила директорката на „Роспотребнадзор“, Ана Попова.
„Имаме мутации својствени за Русија, мутации кои сè уште не се карактеристични за кој било вид на вирус опишан во странство“, рекла Попова на советот на Одделението за медицински науки на Руската академија на науките (РАС).
Претходно, Попова рече дека има одредени промени во короната во сибирскиот регион, кои се мутации, но тие не ја зголемуваат патогеноста на влијанието врз епидемиолошките аспекти.
Таканаречените национални соеви се појавија во многу земји. Најзаразни во споредба со оригиналните и други видови се сметаат „британскиот“, „јужноафриканскиот“ и „бразилскиот“. Првиот е откриен во Велика Британија во септември 2020 година, вториот во октомври, а третиот во јануари 2021 година
Во моментов нема консензус за тоа дали постојните вакцини штитат од нив.