Медицински експерти од Универзитетот во Отаго во Нов Зеланд, во соработка со научници од Лидс во Велика Британија, смислија уред за слабеење што треба да им помогне на луѓето во борбата против дебелината.
Медицински експерти од Универзитетот во Отаго во Нов Зеланд, во соработка со научници од Лидс во Велика Британија, смислија уред за слабеење што треба да им помогне на луѓето во борбата против дебелината.
Уредот наречен „DentalSlim Diet Control“, кој се става во устата на една личност, има магнетни компоненти кои спречуваат лицето да ја отвори устата повеќе од два милиметри, пишува Гардијан.
„Ова е првиот уред за слабеење во светот кој помага во борбата против глобалната епидемија на дебелина: интра-орална алатка која го ограничува внесувањето на лицето само на течна храна“, објави Универзитетот во Отаго на својот профил на Твитер.
Otago and UK researchers have developed a world-first weight-loss device to help fight the global obesity epidemic: an intra-oral device that restricts a person to a liquid diet. Read more: https://t.co/eLhXwipiqs pic.twitter.com/Of6v3uvVbX
— University of Otago (@otago) June 28, 2021
Овој уред го ставаат стоматолозите во устата, а се поставуваа на горниот и долниот заб во задниот дел на вилицата. Многумина го критикуваа пронајдокот, споредувајќи го со средновековните уреди за тортура.
Патем, уредот бил тестиран на седум дебели жени од Данидин, Нов Зеланд, кои го носеле две недели, при што конзумирале нискокалорична течна храна. Во една статија објавена во британскиот стоматолошки магазин се вели дека жените изгубиле 6,36 килограми или околу 5,1 процент од нивната телесна тежина.
Испитаниците се жалеле дека е тешко да се користи и дека им го отежнува животот. Од друга страна, професорот Пол Брантон од Универзитетот во Отаго рече дека оваа алатка им помага да воспостават нови навики.
„Тоа е неинвазивна, реверзибилна, економична и привлечна алтернатива на операцијата“, рече Брантон.
Универзитетот во Отаго исто така рече дека тој не е брз или долготраен производ за слабеење, но дека е наменет за луѓе кои треба да одат на операција и не можат да го сторат тоа додека не изгубат одреден број килограми.