Дали некој би сакал вакво Светско првенство? Еве што предлага ФИФА

од Nikola Popovski
24 прегледи

Светското фудбалско раководно тело ФИФА ќе ја разгледа можноста за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 тима за да ја одбележи 100-годишнината од спортскиот настан, објави во четвртокот „Њујорк Тајмс“, не наведувајќи го изворот за ваквата информација.

Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во Мароко, Шпанија и Португалија, а Аргентина, Парагвај и Уругвај, каде што се одржа првото издание, ќе бидат домаќини на три натпревари.

Претходниот формат на Светското првенство од 32 селекции веќе е проширен на 48 селекции за следното издание, чии домаќини ќе бидат САД, Мексико и Канада во 2026 година.

Во текстот на „Њујорк Тајмс“ се наведува дека на крајот од состанокот бил претставен предлогот на уругвајскиот делегат Игнасио Алонсо да се прошири на 64 репрезентации за Светското првенство во 2030 година. Според неименуван извор, предлогот бил дочекан со „невидена тишина“ од учесниците.

Додадено е дека, според три лица кои присуствувале на состанокот, „ФИФА најверојатно ќе се води од финансиските и политичките придобивки, исто колку и спортските, при одлучувањето за овој предлог“.

(Претседателот на ФИФА) г. Инфантино… го опиша предлогот како „интересен и достоен за поблиска анализа“, објави „Њујорк Тајмс“, што го потврдиле „четири лица директно запознаени со дискусиите“.

Слични содржини