Дали „Огнената група“ заминува во историја: И Беџети повторно во друштво на Ахмети

од Nikola Popovski
477 прегледи

По се изгледа дека „Огнената група“ целосно заминува во историја откако вчера еден од нејзините членови и градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети бил забележан во друштво на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Ахмети придружуван од Беџети посети семејство во селото Буковиќ при што моментот го овековечиле со фотографија.

Заедно со претседателот г-динот Али Ахмети бевме во посета на семејството на г-динот Бари Демири од Буковиќ, кој е познат како истакнат активист на дијаспората. Разговаравме за многу прашања кои се однесуваат на албанската дијаспора, предизвиците со кои тој и многу наши сограѓани се соочиле и сè уште се соочуваат, објави Беџети на социјалните мрежи.

Претходно и поранешниот потпретседател на ДУИ и поранешен прв човек на општина Гостивар, Невзат Бејта беше во друштво на Ахмети, иако упатуваше критики кон актуелното раководство.

На почетокот на годинава, Бејта во дебатна емисија го спореди првиот вицепремиер и дел од ДУИ, Артан Груби, чија смена ја бараше, со тенекија.

Иако беа „фронтмени“на Огнените, Бејта и Беџети на големо изненадување не се приклучија на новото политичко движење на Изет Меџити и по се изгледа остануваат дел од ДУИ.

Слични содржини