Минатогодишниот Божиќ во Британија беше нарушен со појавата на афла варијантата на коронавирусот. Сценариото се повторува и годинава, но со поинаков актер – омикрон. Поради тоа, рестораните, пабовите и клубовите се празни, а Британскиот здравствен фонд (NHS) уште еднаш предупредува на забрзано пополнување на болничките капацитети. Но, британските епидемиолози сè уште имаат охрабрувачки прогнози. Овој вирус наскоро би можел да се претвори во вообичаен сезонски грип.
Тоа го поткрепува и фактот што бројот на хоспитализирани и починати од коронавирус е сè уште многу мал за овој период од годината, а најновото истражување сугерира дека новата варијанта предизвикува поблаги случаи од претходните варијанти на овој вирус.
Научниците во оваа студија нагласуваат дека оваа вест е повеќе од добра, но советуваат да се внимава. Дневниот број на случаи продолжува да расте, достигнувајќи рекордни 122.000 нови случаи минатиот петок.
Дали има забележливи разлики во возраста на заразените со омикрон?
Повеќето од новозаразените се млади, што ги натера некои истражувачи да предупредат дека доколку омикрон почне да се јавува кај постарите лица – бројот на хоспитализирани ќе се зголеми. Од друга страна, тоа во моментов не е проблем, бидејќи огромен број луѓе, особено постарите, се вакцинирани и стекнале имунитет.
Единствена тешкотија може да предизвика тоа што, како што истакна епидемиологот за заразни болести, професорот Марк Вулхаус од Универзитетот во Единбург, поминува многу време помеѓу инфекцијата и хоспитализацијата.
Дали вирусот ќе ја изгуби својата моќ да предизвика сериозна болест?
Многу научници веруваат дека доказите сега сугерираат дека оваа идеја можеби е точна. Неодамнешните студии во Шкотска, Англија и Јужна Африка го потврдуваат тоа.
„Мислам дека оваа варијанта го прилагодува вирусот на човечката популација за да произведе повеќе бенигни симптоми“, рече д-р Џулијан Танг, професор по респираторни науки на Универзитетот во Лестер.
Дали коронавирусот на крајот ќе делува како грип?
Некои научници предвидоа дека коронавирусот на крајот би можел да делува како грип, за што е потребна нова вакцина за борба против новите соеви кои се појавуваат секоја година. Сепак, професорот Мартин Хиберд, од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, тврди дека Ковид-19 не се однесува на овој начин.
„Тие не се појавуваат како нови соеви секоја година. Причината поради која се разболуваме во зима е слабиот имунитет. И се чини дека овој вирус е посличен на оние кои предизвикуваат обична настинка. Со други зборови, можеби сè уште треба да размислуваме за давање вакцини за заштита од коронавирус секоја година, бидејќи имунитетот секогаш ќе паѓа“, рече Хиберд.
Според доктор Танг, тоа не значи дека енормно ќе се разболиме во следните пет години, пренесува Гардијан.
„Мислам дека вирусот ќе еволуира многу брзо од пандемски сој и ќе стане поблаг, попренослив до точка каде што можеби ќе треба да размислувате само за вакцинирање на поранливите членови на популацијата“, заклучи докторот.