Дали оркестрираните напади врз Маричиќ се отпор против реформите?

од Vladimir Zorba
355 прегледи

По неоснованите напади кон министерот за правда Бојан Маричиќ дека наводно забранува користење на името АСНОМ од страна на здружение на граѓани и дека истото го прави и со именката „Македонија“, односно со придавката „македонски“ јавноста треба да ги знае фактите и вистината. Имено, министерот за правда Маричиќ не го забранува туку го заштитува АСНОМ. Тој не ставил потпис врз одобрение за регистрација на граѓанско здружение со име „АСНОМ“ бидејќи во тоа не го означува македонскиот историски настан, туку е кратенка од комплетно друго име.

За да биде појасно, до Министерството за правда пристигнало барање за регистрација на Здружението „Здружение на граѓани: Асоцијативно собрание на народна обнова на Македонија – АСНОМ, Скопје“ или скратено „АСНОМ“. Со тоа се прави забуна кај граѓаните бидејќи со АСНОМ се означува Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија. Имено, во Законот со кој се регулира регистрацијата на здруженијата пишува дека сите работи кои не се регулирани со овој Закон ќе се регулираат со оној за трговски друштва, а таму пак во член 47 се наведува дека не смеат да се употребуваат имиња кои предизвикуваат привид и мешање со друго име. Според ова, Маричиќ на ниту еден начин не го забранува АСНОМ, туку го штити.

Од некои написи на опозициските медиуми станува јасно дека ова е координиран напад кој нема врска со забрани, туку со актуелната реформа во правосудството . Нападот доаѓа кусо време после првите резултати од отпочнувањето на имплментацијата на методологијата за оценка на судиите – Судскиот Совет разреши 10-тина судии од кога е министер Маричиќ. Понатаму, Судскиот Совет разреши тројца судии откако започна да се имплементира методологијата. Јавното обвинителство е под лупа на јавноста како никогаш до сега. Од моментот на првите резултати на методологијата за прочистување на правосудството започнуваат организирани напади за лична дискредитација на министерот или неговото семјество кои не се однесуваат на неговата работа. Токму и ваквото извртување на тезите, дека некој забранил нешто, се дел од оркестрираните напади кон Маричиќ.

Слични содржини