Се уште не е познато во кој клуб ќе игра Кристијано Роналдо следната година. Тој не е меѓу играчите на Манчестер Јунајтед, но договорно е обврзан на „Олд Трафорд“ и следната сезона. Прво како негов нов клуб се споменуваше Баерн, а во последно време се повеќе се шпекулира дека би можел да заврши во Атлетико Мадрид.
Роналдо денеска објави фотографија од теретана која докажува дека е неверојатно фит, особено ако се земе предвид дека веќе има 37 години. Сепак, шпанскиот весник Марка пишува дека времето на објавување на фотографијата е многу контроверзно. Имено, објавата на Роналдо на социјалните мрежи беше истовремено со подготвителниот натпревар помеѓу Јунајтед и Астон Вила.
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) July 23, 2022
Фактот што не гледа или не е претерано заинтересиран за тоа како игра неговиот клуб, според Марка, за многумина е знак дека го напушта клубот. Со тоа се согласуваат и дел од фановите кои ги „преплавија“ неговите профили со проштални пораки. Јунајтед одигра 2:2, иако водеше со 2 гола разлика до полувремето.