Вчера како бомба одекна веста дека Лионел Меси ќе ја напушти Барселона откако не успеа да се договори со челниците на овој клуб за продолжување на соработката.
Очекувано, веднаш започнаа шпекулациите за тоа каде Аргентинецот може да ја продолжи кариерата, а една слика на Инстаграм ја скокотка фантазијата на фановите на француски ПСЖ.
Сликата што се појави на Инстаграм, односно Нејмар ја објави на својот профил, прикажува уште четворица фудбалери до него – Меси, Паредес, Ди Марија и Верати, како позираат во прегратка на некоја прослава, со краток опис до неа: „Пријатели“.