Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус ширум светот се намалува четврта недела по ред. Научниците сега се прашуваат која е причината и што ја забави пандемијата на глобално ниво.
Пандемијата го достигна својот врв на почетокот на јануари со скоро пет милиони нови случаи за една недела. На почетокот на февруари, бројот падна на околу три милиони, скоро 40 проценти помалку. Иако бројот на случаи сè уште се зголемува во многу земји, според извештајот на СЗО, овој тренд на опаѓање на глобално ниво е охрабрувачки, пренесува германски „НТВ“.
Во апсолутни бројки, бројот на случаи опаѓа, особено во Европа, Северна и Јужна Америка. Бројот на нови инфекции најмногу паѓа во САД, каде што се пријавени скоро 200 000 помалку случаи на неделно ниво. Пет од шесте региони на СЗО неодамна забележаа намалување на бројот на нови случаи за повеќе од 10 проценти неделно. Бројот на нови смртни случаи исто така падна за повеќе од 10 проценти неделно.
Според експертите, глобалната кампања за вакцинација сè уште не може да влијае на бројот на случаи, бидејќи има мал процент на вакцинирани лица ширум светот.
Според германскиот епидемиолог Клаус Штер, кој неколку години ја водеше глобалната програма за грип на СЗО и беше координатор за истражување на САРС во Германија, значителен пад на случаи во светот е „изненадувачки феномен“.
„Разговарав со моите колеги од СЗО, но нема јасно објаснување. Како и со сите природни настани, во пандемијата има феномени чие објаснување може да се претпостави само“, изјави Штер за германски „НТВ“.
Германски епидемиолог вели дека нешто слично е забележано кај пандемиите на грип во 1957 и 1968 година, со епидемии кои траеле 10-12 недели, а потоа се повлекле.
„Можно е ова да е поврзано со ограниченото движење за време на пандемијата, на пример поради локдаунот. Напредната имунизација на населението исто така може да игра улога ако голем дел од популацијата е заразен, односно ако се појави имунитет на стадо“, вели Штер.
Тој додава дека почетокот на имунитетот на стадо може да се види во примерот на САД. Досега се претпоставуваше дека 60 до 70 проценти од населението мора да биде имуно, за да може да се развие колективен имунитет. Тогаш патогенот повеќе не наоѓа доволно нови домаќини и пандемијата престанува. Според официјалните податоци, досега во САД досега биле заразени 27 милиони луѓе, додека вакцинирани се 10 милиони, што заедно сочинуваат околу 11 проценти од населението во земјата.
„Различни серолошки студии од САД и Европа сугерираат дека бројот на заразени е четири до шестпати поголем од бројот на регистрирани случаи. Така, во САД, од 30 до 48 проценти од населението биле заразени со корона и би се создало имунитет, што може да има ефект на забавување врз процесот на инфекција. Во секој случај, постојат индикации за тоа. Бројот на пријавени случаи масовно опадна во САД, а рестриктивните мерки се помалку строги отколку во многу европски земји. Сепак, и покрај позитивниот развој, пандемијата сè уште не е завршена “, рече Штер.
Експертите предупредуваат и дека бројот на случаи ширум светот може да се зголеми на почетокот на зимата на јужната хемисфера, каде сега е лето, пишуваат германските медиуми.
Тие предупредуваат и на појава на нови видови на коронавирус, како што се британскиот, јужноафриканскиот …