Дали „последниот европски диктатор“ се подготвува да избега? Тајно гради град вреден неколку милијарди долари

од Илинка Илиоска

Дали белорускиот претседател Александар Лукашенко се подготвува за неизбежно „бегство“? Како што пишува независниот белоруски портал Белсат њуз, тој самиот изградил мал град „азил“ на 97.248 квадратни метри изолирана шумска површина околу Црноморското станбено одморалиште на Путин, Сочи, во областа наречена Црвена Полјана (Краснаја Полјана).

Велат дека се е градено во најголема тајност повеќе од десет години, не се знае колку чинело, но веројатно неколку милијарди долари. На тој „скромен“ простор зградите зафаќаат 7.434 метри квадратни

Порталот наведува дека вклучува ресторан, хотел, три базени, атомско засолниште, подземни гаражи, луксузни „бунгалови“ обложени со мермер и дрво, дека се опремени со италијански мебел, француска керамика, германски апарати, јапонска и кинеска технологија. Областа на главната резиденција на белорускиот претседател е наводно 2.296 квадратни метри.

Само хотелот со ресторан и кујна зафаќа 374 метри квадратни, а има и три ВИП вили, секоја со површина од 739 метри квадратни, хотел со три апартмани од 348 метри квадратни, ловечка „ложа“ од 28 метри квадратни. и спортска сала со површина од 133 метри квадратни.

Ќе има и затворени и отворени базени, руска и турска сауна, салон за масажа и педикир, фитнес сала, како и кино, десетина камини, па дури и лизгалиште за хокеј, а „не штеделе“ дури на удобноста на чуварите и заштитата (на тоа треба да се внимава) која ќе има свои простории на околу 1000 метри квадратни, пренесува Јутарњи.

Во основа, во задниот дел има две кујни – едната за подготовка на ладни закуски, а другата за топли оброци, потоа мала и голема трпезарија, но и сала за банкети и посебна бања со посебен простор за лица со посебни потреби. . Во комплексот има и мала клиника и хелиодром.

Слични содржини