Поранешниот шеф на словачката полиција и кандидат на изборите за Европскиот парламент, Штефан Хамран зборувал за тоа што го изненадило во постапките на обезбедувањето по пукањето врз словачкиот премиер Роберт Фицо. Хамран во интервјуто што го дал за словенечкиот медиум „Dennikn“ ја коментирал реакцијата на безбедносните сили по атентатот.
„Се случи хаос, очигледно е и тоа е неуспех. Требаше веднаш да го стават премиерот во кола и да заминат со него. Во тој момент не знаете дали има уште напаѓачи. Морате што побрзо да го одведете заштитеното лице на сигурно. Ако не се лажам, самиот господин Фицо пред неколку недели зборуваше за закани дека некој би можел да пука кон политичари. Како се анализираа тие закани, кој ги оцени?“, прашал поранешниот началник на тамошната полиција.
Тој нагласил дека обезбедувањето има должност со телото да го заштити премиерот кога ќе влезе во толпа луѓе и дека е направен голем пропуст.
„Кога тие не се пред него, тој е отворена цел“, објаснил Хамран.
Во текот на вчерашниот ден, беше извршен атентат словачкиот премиер Роберт Фиц. Во него пукал познатиот словачки писател и опозиционер Јурај Цинтула (71), кој веднаш по инцидентот бил уапсен. Тој испукал неколку куршуми, а премиерот поради тешки повреди со хеликоптер бил пренесен во болница. Според локалните медиуми, Фицо изгубил многу крв и сега се наоѓа во вештачка кома.