Дали повторно е пукано врз зградата на Владата на РМ?

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Вечерва експлозија околу 22 ч врз владината зграда во Скопје,  посочуваат случајни минувачи околу објектот, кои оваа информација ја дојавија до локално.мк. Според непотврдени информации имало и полиција  со тешко вооружување  и екипи кои го пребарува теренот , како и засилено обезбедување.

l1-1728x800_c

Нема официјани информации дали повторно е пукано врз владината зграда, но се вели дека имало силна експлозија.  Досега двапати беше стрелано еднаш пред повеќе години кога  беше погодена соседната зграда и лани кога беше погодена фасадата на  владината зграда.

Според последното  вештачење два проектилa  беа испукани на зградата на Владата на Република Македонија во Скопје, и според балистиката најверојатно од Кале. Едниот заврши во покривот, а другиот на источната фасада.

Од МВР нема ниту потврда ниту демант на вечерашната  информацијата, дали повторно е пукано врз зградата како што јавуваат читатели на локално.мк.