Проширувањето на НАТО, без оглед на мислењето на администрацијата на Џозеф Бајден, не им одговара на националните интереси и можно е да му направи лоша услуга на американскиот народ, пренесува американскиот медиум „Фокс њуз“.
Според написот, мислењето за предностите за приклучување на Шведска и Финска во Северноатлантската алијанса е погрешно, бидејќи организацијата ризикува не само да ги зголеми трошоците за новите учесници, туку и да предизвика конфликт со Русија.
„Не е во национален интерес на САД да преземат одговорност за заштита на две богати европски земји со помош на НАТО, чија неутралност обезбедува безбедност и просперитет повеќе од 70 години. Факт е дека безбедносните гаранции ќе ги принудат на компромиси, ќе трошат повеќе ресурси и ќе ги зголемат шансите за конфликт со непријател кој поседува нуклеарно оружје“, се објаснува во написот.