Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на неодамнешниот телефонски разговор не разговарале за прашањето за користење на Унгарија како платформа за преговори за решавање на украинскиот конфликт, изјавил за руските медиуми портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Не, за тоа не се разговараше. Засега нема преговори“, рече Песков.
Руските медиуми посочуваат дека во 2023 година министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто изјавил дека Будимпешта е подготвена да биде платформа за преговори меѓу Москва и Киев.
Претходно Кремљ објави дека Путин и Орбан телефонски разговарале (на иницијатива на унгарската страна) на многу теми, вклучително и Украина. Во соопштението на Крем се нагласува дека Орбан во разговорот со Путин предложил размена на затвореници и прекин на огнот во Украина, а судејќи по реакцијата на Киев, Украина ја отфрлила иницијативата на Орбан.