Дали Реган се врати во РЕК Битола?

од Vladimir Zorba
152 прегледи

rek-

Дали Реган се врати во РЕК Битола? Ова прашање се слуша деновиве низ Битола, откако во јавноста проструија информации дека истовремено во застој беа трите блока од комбинатот кој произведува 80 проценти од струјата во земјава и дека наводно е поставен в.д. управник од Скопје за да ги среди работите, информира порталот СакамДаКажам.

Ситуацијата ги потсети битолчани на почетокот на 1990-тите години, кога РЕК падна под принудна управа на Електростопанство од Скопје. Тоа беше за време на хаваријата со паѓањето на косиот мост, па управата од Скопје го испрати Јован Андоновски со прекар Реган, зашто бил строг како поранешниот американски претседател.

Битолачни раскажуваат дека во негово време низ РЕК се одело по бели чорапи и шетале пауни, бидејќи работите толку ги средил што стигнал дури до тоа чистотата да ја подигне на највисоко ниво.

Опозицијата деновиве обвини дека по дефектите и застоите во РЕК испратено е таинствено лице со иницијали К. М. од Скопје, кое се претставува како в.д. управник, кој има за задача да ги среди состојбите. Неговата канцеларија, наводно, била до онаа на директорт Јовко Крстевски.

Но, од РЕК не откриваат ни збор за таинствениот управник. Во соопштението испратено до медиумите немаше ни збор за наводниот управител, туку само информација за функционирањето на блоковите. Од комбинатот тврдат дека не станува збор за хаотично работење и распад на електроенергетскиот систем, туку за дефект на склопка во Блокот 2, што не предизвикала никакви оштетувања на виталните делови од енергетскиот блок. Истиот овој дефет претходниот ден во соопштение од комбинатот го нарекоа хаварија. Тоа беше прв пат РЕК да го спомне зборот хаварија, на кој многу претходни раководства беа многу осетливи, и паѓаа тужби кога новинарите ќе го напишеа во текстовите. Најчесто дефектите ги опишуваа со „регистрирани технички отстапувања од нормалните параметри“, „технички зафат“, „плански застој“, „дефект на склопка“ и слично.

Новинарите, пак, не паметат од кога немаат влезено во комбинатот. Го посетуваат само кога ќе ги викнат надлежните да се пофалат за некој прокет, а другата комуникација, посебно за проблемските ситуации, е преку соопштенија.

Целиот текст можете да го прочитате тука