ДАЛИ РОНАЛДО МИРИСА ДОБРО КАКО ШТО ИЗГЛЕДА: Новинар шокира со прашање до Силва!

од Stefanija Kuzmanovska

Андре Силва ги наплати добрите игри во Ајнтрахт Франкфурт со тоа што потпиша договор со Лајпциг до 2026 година. 25-годишниот португалски напаѓач дојде на прес-конференција подготвен да одговори на прашањата дали вложените 23 милиони евра ќе му се исплатат на Лајпциг и колку голови ветува во новиот клуб, но конференцијата неочекувано отиде во сосема друга насока .

Еден од новинарите му постави на Силва повеќе од бизарно прашање за Кристијано Роналдо.

„Го познавате Кристијано Роналдо затоа што делевте соблекувална со него. Тој е убав човек. Дали сакате да бидете добар како него еден ден и да имате такви мускули? И, дали тој мириса толку добро како што изгледа“, новинарот праша.

Силва, се разбира, беше шокиран од прашањето, но со насмевка се обиде да ја скрие својата збунетост. Тогаш тој реши да одговори.

„Прашајте го господинот дали некогаш тој почувствувал како мириса (низ смеа)? Можеби ќе го прашам каков парфем користи и ќе ве известам”, рече Португалецот.

Слични содржини