Манчестер Јунајтед доживеа дебакл на „Олд Трафорд“ од Ливерпул. Секако, прстот веднаш беше вперен кон менаџерот Ерик тен Хаг. Но, што се однесува до управата на „црвените ѓаволи“, Холанѓанецот има максимална поддршка.
Ова го потврди спортскиот директор Ден Ешворт.
– Навистина уживам да работам со Ерик во овие осум недели. Мојата работа е да го поддржам на секој можен начин за тој целосно да се посвети на тренинзите и на тактичкиот план за натпреварите, за да му донесе успех на Манчестер Јунајтед – изјави Ешворт.
Извршниот директор Омар Берада се приклучи на изливите на поддршка.
– Дали сè уште веруваме во Тен Хаг? Апсолутно – изјави Берада.
Ешворт се осврна и на заминувањето на Џејдон Санчо на крајот.
– Имаме доволно длабочина на тие позиции. Имаме четворица навистина добри крилни играчи. Џејдон е петти и тоа не поттикна да ја донесеме оваа одлука, истакна спортскиот директор.