Дали Словачка го менува ставот за Косово?

од Radmila Tasevska

Министерството за надворешни работи на Словачка е информирано за барањето на Косово за прием во ЕУ и дека евентуалната промена на ставот ќе зависи од односите на Косово со Србија.

„Како што рековме и повторивме неколку пати, позицијата на Словачка кон Косово се заснова на декларацијата на Националниот совет на Република Словачка од 2007 година. Секоја промена на ставот на Словачка по ова прашање ќе зависи од нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина.“, соопшти словачкото министерство, пренесува Газета експрес.

Тие додаваат дека единствениот начин за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е „активно учество во дијалогот што го води ЕУ“, кој „постапно треба да доведе до правно обврзувачки договор“.

„Тој договор треба да ги одразува вредностите и стандардите на ЕУ, кои се клучни за Косово да напредува на својот европски пат“, смета Министерството за надворешни работи на Словачка.

Министерството наведува дека и Словачка го поддржува француско-германскиот план, бидејќи тие поддржуваат, како што наведоа, „секоја иницијатива што може да не доближи до правно обврзувачки договор“.

Слични содржини