Дали страдате од астма – можете лесно да ги олесните симптомите!?

од desk4
215 прегледи

Овошје, зеленчук и цели зрна можат да се покажат изненадувачки сојузник во борбата со астмата, соопштува ВВС. Лабораториските тестови изврпени врз глувци покажаледека диетата богата со влакна може да го намали воспалението на белите дробови.

Дополнителните влакна ги менуваат хранливите материи што ги апсорбира желудникот, а тоа за возврат го менува имунолошкиот систем. Според научниците од Универзитетот на Лозана во Швајцарија промената во процесот на обработка на храната може да објасни зошто повеќе луѓе се разболуваат од астма.

Научниците дошле до заклучок дека хранливите режими – богати и соодветно сиромашни влакна – делуваат поинаку на бактериите кои живеат во стомаците на глувците. Бактериите кои се хранат со растворливи влакна, како оние кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот, произведуваат повеќе масни киселини, кои се апсорбираат во крвта.

Научниците тврдат дека овие масни киселини делуваат како сигнали за имунолошкиот систем и како резултат на тоа белите дробови стануваат отпорни на иритација и воспаление. При диета сиромашна со влакна, се случува спротивното и глувците стануваат поподложни на астма.
“Во последните години се забележува засилување на случаите на алергиска астма, особено во земјите во развој – вели д-р Беџамен Марслан.
– Овој тренд се совпаѓа со промената во исхраната која вклучува намалена потрошувачка на влакна. Доста веројатно е дека лабораториските резултати кај глувците да исто така се верни на луѓето”.