Дали треба да се укине апанажата? Ковачевски: Треба да се види во Собранието

од Nikola Popovski
218 прегледи

Бившиот премиер и актуелен лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека бил претседател на Владата во тешко време и својата функција ја извршувал согласно законите на земјата и законот за Влада.

-Сите одлуки после тоа, во однос на примањата на функционерите, се направено согласно законот и одлуките на Собранието. Сметам дека сите треба да ги почитуваат законите и врз основа на нив имаме зголемување на минималната плата и просечната плата. Тоа е нешто што е законско решение, рече Ковачевски, коментирајќи околу апанажата што треба да ја добие од 2500 евра во наредните 12 месеци.

На прашањето дали треба да се укине апанажата, Ковачевски истакна дека треба да се види во Собранието.

-Доколку некој извршувал општествена или било каква функција, треба да следува апанажа, за да може да искористи одреден временски период за да својата кариера ја насочи кон нешто друго, порача лидерот на СДСМ.

Вчера беше соопштено дека собраниската Комисија за избори и именувања ги прифатила барањата за апанажа на Ковачевски и екс-министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Поранешните функционери аплицирале и добиле апанажа од 2.500 евра во следните 12 месеци.

Освен правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење на службено возило, што на поранешниот премиер му следува согласно законот за возила.

Слични содржини