ДАЛИ ВАКЦИНАТА против корона е подеднакво ефикасна за мажите и жените?

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Клиничките тестови на „Спутник V“ покажаа дека имунитетното ниво на „Ковид-19“ е исто кај мажи и жени кои примиле вакцина, како и кај луѓе од сите возрасти, според податоците на Руската федерална служба за надзор.

„Ги набудувавме имунолошките својства и безбедноста на вакцината за време на различни клинички испитувања кај возрасни, кај двата пола. Привремените имуноанализи покажаа дека вакцината произведува имунолошки одговор кај волонтерите, а нивото на антитела скоро и да не се разликува кај мажите и жените, ниту пак е важна возраста“, се наведува во документот до кој дојде агенцијата „ТАСС“.

Со оглед на тоа што руското Министерство за здравство одобри употреба на вакцина кај повозрасната популација, нема ограничување за граѓаните постари од 60 години, заклучува извештајот.