Манчестер Јунајтед го доведе Рубен Аморим, а дали Руд ван Нистелрој заслужува да остане во стручниот штаб?
Откако Ерик тен Хаг доби отказ, а Ван Нистелрој привремено ја зазеде неговата позиција, Јунајтед забележа три победи и едно реми во четири натпревари, постигна 11, прими три гола и два пати ја сочува својата мрежа „сува“.
Англиските медиуми потсетуваат дека Рубен Аморим треба да има разговор со Холанѓанецот, по што ќе одлучи дали легендарниот Руд ќе остане во стручниот штаб.
„Ван Нистелрој е легенда на клубот и заврши одлична работа. Ќе разговараме кога ќе пристигнам во Манчестер и после тоа ќе објаснам се. Јас сум многу директен и ќе ви кажам се за вакви теми“, изјави Аморим.
Навивачите на социјалните мрежи му порачуваат да го задржи Руд и дека ја заслужува функцијата помошник тренер.
Дали Аморим треба да ги задоволи навивачите?