Кога кучињата не се одвојуваат од сопственикот, ваквото однесување може да се заснова на карактеристиките на расата на вашето кученце, но може да биде поттикнато и од други работи.
Еве пет причини зошто вашето куче често ве следи:
Кучето сака да биде блиску до вас
Можеби вашето домашно милениче е само дел од вашиот свет, но вие сте целиот негов свет. Ако вашето куче оди по вашите стапки и сака да биде вклучено во сè што правите, од подготовка на ручек, до чистење на домот, до попладневен одмор, наједноставната причина е тоа што има потреба да биде во ваше друштво.
Ве гледа како лидер
Иако вашето куче е припитомено, има нераскинлива врска со неговите диви корени. Бидејќи денешните кучиња се всушност потомци на волци, тие се гледаат себеси и вас како мала, но сосема легитимна глутница. Во таа приказна вие сте лидер на глутницата, а задачата на сите останати во неа е да ве следат.
Смета дека ве штити на тој начин
Кога ќе ја погледнете динамиката на глутница диви кучиња, забележливо е дека секое куче има посебна улога. Дивите предци на нашите кучиња поминувале време талкајќи во шумата, потпирајќи се на членовите на нивната глутница да внимаваат на опасноста. Бидејќи вашето куче ве гледа како водач на глутница, тој чувствува потреба да ве следи и да ви обезбеди заштита.
Анксиозен е
Ако вашиот четириножен пријател тажно завива секогаш кога излегувате од дома, ја гребе вратата како да ве моли да го земете со себе и не се одвојува од вас во моментот кога ќе се вратите дома, многу е можно да страда од анксиозност. Овој облик на анксиозност е предизвикан од разделбата, што е многу тешка за него.
Кучето е љубопитно
Нашите кучиња сакаат да бидат дел од нашиот свет и да знаат сè за нас. Тие по природа се љубопитни суштества, а бидејќи вие сте нивна омилена личност на светот, логично е да не сакаат да пропуштат ништо што правите во текот на денот. Можеби изгледаат како да го ставаат носот таму каде што не им е местото, но едноставно нема поважна задача за нив од тоа да ги следат вашите стапки.