Иван Јуриќ, хрватскиот тренер на клупата на Верона, реши да го прекине интервјуто поради прашање што не му се допаѓаше.
Хрватскиот стратег успеа да направи сензација со Верона, па во последното коло освои бод против Наполи (1:1), со што ги остави „наполитанците“ без ЛШ, додека Јувентус обезбеди место во европската елита.
Сепак, неговата прослава ја расипа новинар на „Скај Спорт“.
По завршувањето на мечот, Јуриќ требаше да даде изјава за Масимо Уголини, новинар на теренот и за новинарите во студиото во Милано предводено од Фабио Карес.
„Јуриќ, вечерва одлучи што ќе оди во Лигата на шампионите. Наместо Наполи, вие таму го испративте Јувентус. Вашата Верона вечерва беше сосема поинаква од изданијата во кои ја гледавме изминатите недели. Колку ви беше тешко…?“, започна Уголини.
Тренерот на Верона луто го прекинал прашањето на новинарот:
„Веднаш на почетокот, огромно срање! Треба да ја почитувате Верона, не можете да зборувате за нас така! Мора да ни покажете почит, дали го разбирате тоа?! И, мора да ги гледате игрите на Верона цела сезона!“.
Италијанскиот новинар некако успеа да го доврши прашањето.
„Не ми давате да го поставам прашањето. Факт е дека Верона вечерва играше далеку поинаку од досега“, праша Уголини.
Тоа само придонесе Хрватот целосно да побесне.
„Доста, ве напуштам. Вие не земавте в предвид во каква ситуација беше Верона во последно време. Немате почит, сѐ покажувате погрешно и грдо. Нашата екипа секогаш давала сѐ од себе. Само во Италија може вака да се сомнева. Мора да ми се извините поради вашето срамно однесување. Веднаш да ми се извините!“, викаше Јуриќ додека го напушташе кадарот на телевизијата.
Il finale è più significativo dell’inizio…👏🏻👏🏻👏🏻
Questo è un allenatore, questo è un uomo, questo è il calcio pulito. Non le chiacchiere che raccontate in giro e a voi stessi!!! Chapeau #ivanjuric #VeronaNapoli #portaterispettogiornalai pic.twitter.com/3rdP2PVbwP— dinacasciaro (@dinacasciaro80) May 23, 2021