Дали Законот за недела неработен ден ќе предизвика голем број отпуштања?

од Nikola Popovski
398 прегледи

Стопанската комора на Северна Македонија смета дека Законот за недела неработен ден ќе предизвика отпуштања до 30 проценти, неизвесна реализација на капиталните проекти, застој во производството, повисоки трошоци, намалена продуктивност.

Комората апелира Собранието да го преиспита ваквото решение и воедно бара, со Законот за работни односи да нема ограничувања, туку да се дозволи секоја дејност сама да одлучи дали ќе работи во недела.

Претставници на градежниците, обложувалниците и прехранбената индустрија денеска на прес-конференција потенцираа дека неработењето во недела не значи придобивка за работниците како што некој сака да прикаже, туку е прашање кое ги засега сите, и раководители и инженери и техничари и директори, поради што мора соодветно да се реши.

Против ваквото решение се и компаниите од прехранбената индустрија кои нагласуваат дека нивниот производен процес не смее да има прекин, како и спортските обложувалници кои предупредуваат дека неработната недела за нив ќе значи отпуштање на 30 отсто од вработените и намелени приходи во буџетот.

Од прехранбената индустрија посебно на удар од законското решние за неработење во недела ќе бидат млечната индустрија и производство на пиво и безалкохолни пијалаци.

Слични содржини