Дали заради својата крвна група сме поранливи на ковид?

од Aleksandar Petrovski
217 прегледи

Спротиставени се истражувањата за врската помеѓу крвната група и ризикот од потешка слика на ковид 19.

Сите луѓе припаѓаат на една од четирите крвни групи: А, Б, АБ или 0.

Еден пример сугерира дека луѓето со тип А имаат поголем ризик од ковид 19 и развој на сериозни симптоми, додека луѓето со крвна група О имаат помал ризик, пишува Си-Ен-Ен.

Тим на европски истражувачи кои ги објавија своите наоди во јунскиот број на New England Journal of Medicine, откриле дека лице со крвна група А има 45% поголем ризик да се зарази отколку луѓе со други крвни групи. Проучувале повеќе од 1.900 сериозно заразени со коронавирус во Шпанија и Италија и ги споредиле со 2.300 кои не биле болни.

Новата студија, објавена оваа недела, е во спротивност со претходните откритија. Истражувачите од општата болница во Масачусетс и болницата Beth Israel Deaconess Hospital објавија студија во четвртокот, во која не беа утврдени докази дека крвната група влијае врз тоа дали некој може да развие сериозни симптоми (дефинирани како интубација или смрт) ако се зарази.

„Покажавме преку мултиинституционална студија дека нема причина да веруваме дека одредена крвна група ќе доведе до зголемување на сериозноста на болеста“, рече д-р Анахита Дуа, која го водеше тимот.
Постојат две хипотези за поврзаноста помеѓу крвните групи и ковид 19, рече Жак Ле Пенду, директор за истражување во Инсерм, француска организација за медицински истражувања. Една тврди дека луѓето со крвна група О се помалку склони кон проблеми со згрутчување на крвта, што е главен двигател на компликациите кај ковид 19.

Пенду вели дека ова може да се објасни со фактот дека антителата произведени од лице со крвна група О можат да го неутрализираат вирусот што им е пренесен од лице со крвна група А – слично на трансфузија на крв.

„Сепак, овој механизам за заштита не функционира во сите ситуации. Едно лице од крвна група О може, на пример, да зарази друго лице од крвна група О “, објасни тој и додаде дека веројатно ниту еден заштитен ефект не е голем, а количините на антитела се многу варијабилни од личност до личност.

Иако истражувањето за крвните групи и нивната улога во заштитата од коронавирус не е конечна, подоброто разбирање на поврзаноста на крвната група со оваа болест најверојатно ќе ни помогне да развиеме вакцини и да измислиме нови лекови против ковид 19.

Слични содржини