Пред пет години, за да се прошетате по кејот на реката Москва, југозападно од Кремљ, тоа беше мизерна авантура – низ запуштенотo и со коров обраснатo проширување до Паркот Горки, преку изроварените улици и разлаените кучиња скитници.
Сега е тоа сосема поинакво доживување. Реката и кејот се целосно реновирани, а паркот е сосема ремоделиран – сега е преполно со семејетва во сончевите денови или пак се лизгаат по заледените езерца, зависно од годишното доба. По целата должина има секакви кафетерии и ресторанчиња, изделкани според новосоздадените вкусови; луѓе на велосипеди пролетуваат по велосипедските патеки.
За разлика од хаотичните, здивени цивилзиациски промени во 90-ите, промените во Москва во изминативе пет години се скоро несфатливи, и тоа е видливо секој месец. Но кумулативно земено, резултатот е сосема поинаков град: онаков кој е видливо поднослив за живеење.
-Во изминатите пет години, видовме промени кои можат да се мерат во тони, во самата суштина на градот, вели Илја Осколков-Ценципер, основачот на московското лајфстајл списание Афиша во 1999 година, а потоа и на институтот Стрелка во центарот на Москва, кој со основањето во 2010 година стана авантгарда во урбаното размислување во руската престолнина. „Одеднаш Москва стана град каде прошетката во недела попладен е нешто нормално и се прави со големо задоволство“.
Овие промени се најсврзани со градскиот службеник Сергеј Капков. Ккао член на партијата Обединета Русија на Владимир Путин, и долгогодишен пријател на олигархот Роман Абрамович, тој стана невообичаен предводник на нов вид на град кој ќе одговори на потребите на средната класа која процвета во последниве години. Тој го надгледуваше редизајнот на паркот Горки, а потоа раководеше и со Културниот оддел на градот, се до оставката на почетокот на годинава.
Заминувањето на Капков – наводно заради фрустрација затоа што биле блокирани неговите иницијативи – се совпаѓа со променетата политичка клима во земјата, онака како што западните санкции и паднатите цени на нафтата заедно сериозно удрија врз економијата минатиот декември, а руските противсанкции забранија увоз на сирење, овошја и други продукти од западот.
Малкумина московљани можат да си дозволат да патуваат во странство, а се помолку туристи доаѓаа од запад, па логично што бројни авио компании укинаа летови до градот во изминатите месеци. Многумина тука сега се прашуваат дали „експериментот Москва“ на Капков е завршен, и колку ќе траат промените кои тој ги воведе.
Реформите „Капков“ создадоа цела нова генерација на млади креативни видови чувства – што донекаде можеби и звучи илузорно – дека можат да се изменат нешта на мало ниво; дека постои вистински материјал на живот во јавниот град“, вели Ценципер.
Под Јуриј Лужков, кој беше градоначелник од 1992 до 2010 година, малку време се одвои да се размислува за квалитетот на животот или за урбаниот развој, додека москвичите се фокусираа да се збогатат, или само да преживеат. Легендарниот лош вкус на Лужков се манифестираше во гротескните статуи на неговиот компањон Зураб Церетели. Неговата бедна и ефтина гаудиевска архитектура беше често градена на простори кои претходно беса заземени од историски градби, кои пак изгореа во пламен со сомнителен тајминг, па затоа беа избегнувани големи трошоци за нивно реновирање.
Лужков беше избркан од позицијата во 2010 и беше заменет со Сергеј Собјанин, транзиција која се совпадна со она како Москва почна да размислува сериозно не само за да го направи градот побогат, туку и поадекватен за живеење. Во леотот 2010, институтот Стрелка на Ценципер беше отворен со цел за развојна архитектура и урбано планирање во градот. Требаше многу нешта да се направат.
-Во советскиот период, сите финансии за градот доаѓаа од државата; немаше друг начин да се финаисира урбаниот развој, вели Евгениј Асе, главен московски архитект кој работел во бирото за развој на градот во 80-ите, и кој учествувал во многу проекти за време на годините на Капков, вклучувајќи и работа на дел од кејот на реката Москва. „Се појави дилема како да се комбинираат трите фактори: државата, развојот и општеството. Низ целиот свет постои проблем како да се најде компромис помеѓу овие три играчи, но секаде на други места луѓето имаа децении искуство со тоа“.
Асе вели дека ситуацијата под водство на Капков се поправила, но сепак уште има менаџмент систем од горе надолу во градските политики на Москва – на основа на старата советска идеја дека градот нуди „подароци“ за своите жители, наместо вклучување во симбиотски процес со населението за да се најдат идеални урбани решенија.
-Земете ги на пример пешаците: тие рекоа дека би направиле пешачка зона долга 19 километри и токму тоа и се случи, вели Асе. „Но никогаш не видов истражување со објаснување зошто 19 токму километри со улици за пешаци и зошто биле одбрани одредени улици, и како да се направат овие улици основа за живот за вистински луѓе. Кириите стануваат уште повисоки кога улциите се претвораат во пешачки, што значи дека на крајот имате скапи бутици кои не се во интерес на обичните луѓе. Малкуте кафе барови и маркети кои треба да бидат основниот материјал за урбаниот живот, не можеа да си дозволат да постојат таму“.
Понекогаш се добива впечаток дека консултации со експрети се прават „само за да се обезбеди лигитимнност за лошите одлуки“ вели Асе. Тој наведува пример за нов хотел планиран на Ленинградски проспект, едно од главните централни артертии во градот, за кои еден од плановите бил и потсмевање на една од „седумте сестри“ на Сталин – неоготските облакодери кои се симболи на Москва.
-Со истомислеици рековме дека дека нема нито погрешно со тој стил, но дека би било добро да се најде поинаков архитектонски јазик за да се избегне зборување за стереотипи. Но ни рекоа дека градоначалникот веќе ја донел одлуката. Па која беше целта да се појавиме во улога на експерти?“
Капиталните трансформации се случија и по органски промени во градот затоа што многу московјани почнаа редовно да патуваат во странство и од таму да носат идеи од нивните патувања. Нивоата на градските услужни служби се се уште можеби најлошите од која било европска престолнина, но онаа грубост и нељубезност се сега повеќе исклучок отколку норма, затоа што цели генерации московјани кои патувале низ светот веќе не ги змеаат здраво за готово услугите од советски тип, тие веќе не се прифаќаат дома.
Блескавиот кешерски хедонизам од првите години на постсоветската ера направи пат за нови позрела сцена за јадење и пиење. Мрежи од кафе барови, ноќни клубови и ресторани ги отворија луѓе кои се ентузијасти во врска со јадењето и пиењето, наместо да се стремат за брза заработувачка. Беа органиизирани тури до Бруклин во Њујорк за сопствениците на ресторани од Москва да добијат идеи за менија и дизајни, а некои готвачи почнаа да експериментираат со усовршени верзии од традиционални руски состојки и рецепти. Всушност постепеното откривање на колективните јадачки гени на Москва постсетуваат на гастрономските промени во Британија од пред две децении.
Могумина го поврзуваат зголемениот „официјален“ интерес во урбаното размислување со предизвикот да се канализира енергијата на оваа нова средна класа: московјаните на кои добро им одеше во годините на нафтениот бум, кои често патуваа и сакаа да воведат некакви промени дома. По протестното движење кое го поремети главниот град во 2011-2012 година, беше вложени дополнителни идеи што да се направи со движењето и со нејзиниот најхаризматичен лидер, Алексеј Навални, москвич кој изјави дека сака да се кандидидра за градоначелник.
Руските власти го спречија Навални и имаа намера да го затворат, додек други сметаа дека треба да се остави тој да работи и тогаш политички ќе биде погубен. Тој често беше изведуван пред суд, а неговиот брат дури и беше затворен, па сепак му беше дозволено да се појави на изборите за градоначелник во 2013 година – идејата беше следна: со сето внимание сега насочено кон новата урбана средна класа, нема да тежнее кон опозициски политики. И покрај користењето на „административни ресурси“ од страна на Собјанин и со јадната медиумска покриеност, Навални сепак доби импресивни 27 проценти од гласовите – но не и доволно да оди во вториот круг, но сосема доволно да ги предупреди оние во Кремљ кои сметаа дека не треба воопшто и да му се дозволи да се кандидира.
– Шемата да му се доведат хипстери на Собјанин и да им се даваат светкави нешта, не успеа, вели Асе. „Се повеќе стануваше јасно дека политиките на Капков беа во контрадикторност со општиот тренд во земјата. Тој никогаш не беше во опозиција, но неговите херои неа беа хероите од Кремљ“.
-Се развира, можете да ги негирате подобрувањата, но ги има, вели самиот Навални кога неодамна беше запрашан за последните промени во градот. „Но во основа она што се случи тука беше голем јаз на нееднаквост во квалитетот на живот во Москва, во споредба со повеќето нормални западни градови, и ние го затворивме тој јаз барем малку. Не мислам дека има било каква врска помеѓу патеките за велосипеди и политичката активност. Лошо е ако мислите да фалсификувате избори, тогаш никакви велосипедски патеки нема да ви помогнат“.
Навални живее во мал стан во приградскиот реон Марино, сива населба каде тој вели не се случиле никакви промени во изминататаг деценија. Со оглед на огромните суми пари кои властите во Москва ги имаат на располагање, додава тој, запрепастува тоа што и повеќе не е сторено.
-Кога се кандидирав за градоначелник во 2013 година, направивме пресметка и само Шангај и Њујорк имаа поголеми општински буџети. Тоа беше третиот по висина општински буџет во светот; ако нештата беа поефикасно изведени, ќе можете да се направи повеќе од неколку паркови со тие пари“.
Идеата на Капков дека креативната енергија посебно од опозициски настроиените московјани треба да се усмери во подобрување на материјалот на градот, не успеа, Тој одби да биде интерввјуиран за овој текст, но на пост на Фејсбук кога ја најави неговата оставка, тој напиша: „Оние кои ќе дојдат по мене, ќе ги замолам да се сетат дека нашите шефови се граѓаните на градот, а не неговите владетели. Московјаните се самоефикасни, не треба некој друг да им прави избор и не треба да бидат подучувани. Треба да ги почитуваме нив и нивните избори. Градот е составен од луѓе: различни, тешки, поинакви луѓе. Слушајте ги и ќе бидете изненадени колку е лесно да се направи вистинскиот избор“.
Големото прашање, и тоа на кое никој не го знае одговорот, е што е следно за Москва. Војната во Украина, се поагресивниот национализам, и атмосферата која доведе до убиството на Борис Немцов, сето тоа укажува дека градот станува се поинтровертен и поповлечен. „Кога гледам како мои млади пријатели отвараат уште еден маркет за храна или нешто слично, ми изгледа дека се надвор од реалноста со овој нов дух на времето“, вели Ценципер. Неговата консултантска компанија сега работи на повампирување на ВНДК, огромниот културен центар од советско доба. Тие исто потпомагаат новоотворени компании (стартап) со цел да се обезбедат достапни неадминстративни услуги за 83 прценти од московјаните кои сеуште живеат во стандардните станови од советско доба.
Заради сето тоа, Капков ја загуби битката, но сепак останува одредено оставштина, и за Москва и за Русија во целина. Регионалната администрација во целата земја одеднаш стана заинтересирана за реновирање на паркови и подмладување на јавниот простор. Во Москва, многу од позитивните промени за материјалот на градот тешко дека ќе се вратат на старо, што и да се случи. Мнозина се загрижени дека во воздухот има промени, но далеку од тоа дека надежта е загубена – а некои размислуваат дека ако европеизацијата на Москва е завршена, тогаш крајот на овој имитрачки развој можеби и не е нешто толку лошо.
-Историјата на руската култура отсекогаш била клатно кое се мафта помеѓу љубовта кон западот и кон поинтрвертната потрага во вистинското внатрешно“, вели Ценципер. „Во последниве десет години, имаше многу погледи кон запад и многу копирања. Имаше недостиг на прикаска за тоа кои сме, што сме, и зошто сме тука. Можеби нема да биде најлошото нешто на светот ако клатното сега пак се сврти кон интересите на Русија и русинството“.
Гардијан – Лондон
