Светските лидери често се опкружени со приказни не само за нивните навики и приватни животи, туку и за тајните делови од нивните животи кои секогаш ја интригираат јавноста. Украинскиот претседател Владимир Зеленски е во центарот на јавноста веќе една година, а сега медиумите пишуваат дека е разоткриен неговиот двојник.
Станува збор за фотографиите и видеото споделени на интернет како доказ за постоењето на двојник на украинскиот претседател.
So – here’s the video.
Zelensky with Biden and…Zelensky?
Seems there is a glitch in the Matrix pic.twitter.com/fEOBBIeQ6F
— Stew Peters (@realstewpeters) February 26, 2023
Милиони корисници го видоа тврдењето дека украинскиот претседател има „таен двојник“ кој по грешка се појавил на полската телевизија, очигледно облечен во иста облека како и претседателот.
Други објави го прикажуваат истиот човек во позадина за време на посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Киев минатата недела.
Во прашање е всушност Максим Доњецк, неговиот личен телохранител. Според медиумите, тој бил шеф на безбедносниот тим на претседателот од мај 2019 година.