Секојдневно сме опкружени со луѓе. Познати, непознати, блиските … Секогаш е интересно да го гледаме однесувањето на другите, нивните реакции, мимики и активности.
Психологијата има објаснувања за многу нешта што доживуваме. Споделуваме неколку интересни психолошки факти кои ќе ви помогнат да се разберете себеси и другите подобро.
Секое пријателство кое се зародило на возраст меѓу 16 и 28 години има шанси да продолжи долги години и да е вистинско.
Жените преферираат мажи со длабоки, груби гласови, бидејќи тие изгледаат самоуверени, но не и агресивни.
Знаете ли дека желбите за добро утро и лека ноќ го активираат делот од мозокот одговорен за чувството на среќа?
Луѓе кои можат да се наречат добри советници, обично луѓето со најмногу проблеми.
Нашите емоции немаат влијание врз начинот на кој комуницираме. Всушност, токму спротивното се случува – начинот на кој комуницираме влијае на нашето расположение.
Начинот на кој човек се однесува со сервисниот персонал открива многу за неговата личност.
Ако стапиш во брак со најдобар пријател, тоа ќе ги намали шансите за развод до 70% и веројатноста овој брак да трае долго е многу поголема.
Патувањето го подобрува здравјето на мозокот и го намалува ризикот од срцев удар и депресија.
Луѓето изгледаат привлечно кога зборуваат за работите кои навистина ги интересираат.
Луѓето кои имаат силно чувство на вина, добро ги разбираат размислувањата и чувствата на другите.
Несигурните луѓе зборуваат малку за себе, но кога тоа го прават е на таков начин што останатите се чувствуваат како ги познаваат добро.
Слушањето на гласна музика нè тера да се чувствуваме спокојни и среќни.
Ако навечер пред спиење се вознемирувате за разни мисли, станете и запишете ги. Ова ќе помогне да го смирите вашиот ум и ќе можете полесно да заспиете.
Знаете ли дека во повеќето случаи жените успеваат да задржат нешто во тајност околу 47 часа?
Луѓето кои се обидуваат да ги прават другите среќни, често се чувствуваат осамени.