Речиси секој, и пушачите и непушачите знаат колку пушењето е штетно по здравјето. Но, всушност вистинското прашање е дали точно знаеме кој е главниот проблем кај пушењето цигари и што создава најмногу штета? Науката докажува дека тоа е чадот од тутунот кој се создава при процесот на согорување на цигарата, а истражувањата покажале дека никотинот не е примарниот причинител за болести поврзани со пушењето, иако секако станува збор за супстанца која не е без ризик и предизвикува зависност. Чадот од тутунот е тој кој содржи повеќе од шест илјади супстанци, од кои за околу стотина се знае дека се штетни и потенцијално штетни.
Како се создава чадот од тутунот?
Процесот на согорување започнува на температура од околу 400 Целзиусови степени, при што доаѓа до горење на тутунот и создавање на чад од тутун. Топлината на врвот од цигарата достигнува и до 900 Целзиусови степени. Поради високата температура се ослободуваат и сите штетни материи.
Истражувањата покажале дека никотинот, кој всушност е причината зошто луѓето пушат, а не е главниот причинител на штети, се ослободува од тутунот и на пониска температура – од околу 250 Целзиусови степени, користејќи современа технологија за загревање на тутунот, а не согорување. Сè повеќе светски експерти од областа на јавното здравје говорат дека постои подобра опција за сите оние пушачи кои сакаат да ги променат своите штетни навики, но не се подготвени целосно да се откажат од нив. Тие наведуваат дека одговорот може да се најде и во загревањето, односно помалку штетни алтернативи кои се базираат на технологијата за загревање. Овие подобри опции спаѓаат во концептот на намалување на штети, кој е широко прифатен низ светот при справување со голем број прашања кои се од областа на јавното здравје.