Дали знаете што открива бојата на ноктите за вашето здравје?

од Stefanija Kuzmanovska
966 прегледи

Ноктите можат да откријат многу за нашето здравје, а одредени промени на нив не треба да се игнорираат.

Секоја промена на ноктите укажува на одреден здравствен проблем кој не треба да го игнорирате.

Бледи нокти
Бледилото на ноктите всушност опишува многу светла подлога за нокти, односно ткивото под ноктот. Ваквата промена може да укажува на анемија и недостаток на црвени крвни зрнца или еритроцити, поради што треба да направите тест на крвта.

Анемијата е предизвикана од ниското ниво на железо во крвта, па затоа е важно да ја промените исхраната и да ја збогатите со свеж лиснат зеленчук, цвекло, мешунки и црвено месо.

Жолти нокти
Задебелување на ноктите најчесто се јавува на ножните прсти, а придружени се и со жолтило. Ваквите промени се карактеристични за габични заболувања кои најчесто се шират по целата површина на ноктот.

Модри нокти
Модрата боја под површината на ноктот е знак дека на вашето тело му недостасува кислород. Причината може да бидат болести на респираторниот тракт или кардиоваскуларниот систем. Модрата боја под ноктите може да биде резултат на слаба циркулација и изложеност на многу ниски температури, но доколку забележите такви значајни промени, задолжително консултирајте се со лекар.

Бели линии на ноктите
Хоризонталните бели линии на целата површина на ноктот, кои се појавуваат на неколку прсти може да укажуваат на недостаток на протеини и други хранливи материи, како и болести на бубрезите и абнормалности на црниот дроб.

Доколку забележите такви промени, збогатете ја секојдневната исхрана со протеинска храна како месо и јајца, а доколку состојбата на ноктот остане непроменета по еден месец, побарајте помош, пренесува „Кликс“.

Слични содржини