Далот: Против Ливерпул игравме повеќе тимски, се зависи од нас

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед одговорија на повикот на менаџерот Рубен Аморим да покажат лидерски квалитети и да играат како тим, изјави дефанзивецот Диего Далот по ремито 2-2 против Ливерпул во натпревар од Премиер лигата, цитиран од агенцијата ДПА.

Португалскиот репрезентативец откри дека пред гостувањето во Ливерпул, Аморим ги повикал „челниците на тимот да се засилат и да им помогнат на другите“ кои „понекогаш играат кукавички“. Тоа се случи во соблекувалната на стадионот и според Далот, фудбалерите на Манчестер Јунајтед го одиграле својот најдобар натпревар под водство на новиот менаџер.

„Тоа некако ме предизвика. Токму тоа беше неговата цел, и не зборувам само за мене, туку за сите играчи. Јас сум тука некое време и знам дека можам да се истакнам, да преземам одговорност. Ќе им помагам на моите соиграчи додека можам, секогаш ќе го правам тоа. Видовте дека игравме повеќе како тим“, рече Далот.

Аморим стана првиот менаџер во 103-годишната историја на Јунајтед кој загубил пет од неговите први осум првенствени натпревари, а медиумите во Англија веќе почнаа да се прашуваат дали неговата желба да го наметне својот метод е исправна со овој тим. Сепак, португалскиот тренер беше фрлен во оган, поттикнат од Ерик тен Хаг и желбата на управата на Јунајтед да му даде уште една шанса.

„Сè зависи од нас и од начинот на кој тренираме. Секој мора да знае што да прави и да им верува на другите околу него. Само така ќе бидеме во вистинска позиција да го покажеме целиот свој потенцијал“, истакна Далот.

„За такви работи е потребно време. Видовте дека против Ливерпул самата структура на тимот беше покомпактна и како да знаевме подобро каде се нашите соиграчи. Мора да продолжиме вака и во иднина. Нè очекува уште еден тежок натпревар (против Арсенал) и ние сакаме да поминеме во следната рунда од ФА Купот. Се мора да се случува натпревар по натпревар. Нема смисла да се размислува премногу затоа што никој не знае што ќе се случи. Можеме само утре да го контролираме, а утре ќе тренираме и ќе се подготвуваме за Арсенал“.

Слични содржини