Дамијано Давид, кој победи на Евровизија со својот бенд Манескин, се обидува да ја шокира јавноста со незамислива облека скоро секој ден.
Овој Италијанец, кој маѓепса девојки ширум светот, уште еднаш ги фрли обожавателите во транс, со фотографија на која позира во женска долна облека, мрежести чорапи и потпетици.
View this post on Instagram
Фотографијата е објавена на официјалниот профил на групата на Инстаграм, а Дамијано позира во друштво на басистичката на бендот, Викторија Де Ангелис. Не требаше многу време за фотографијата да собере повеќе од милион лајкови и многу ентузијастички коментари.
„Дамијано изгледа подобро во градник од мене“, напишала една девојка.
„Не можам да дишам“, додала друга.
„Врескам“, признала трета.
Со оваа фотографија, бендот објави спот за песната „I Wanna Be Your Slave“, кој ќе биде објавен наскоро.
„Уште малку“, порача Дамијано во коментарите.