Накит од злато, сребро и бронза, украсени садови за етерични масла и теракотни кутивчиња за пудра и кремови со кои се дотерувале и ги користеле дамите во минатото, откриени во гробови на македонските археолошки локалитети, се претставени на изложбата „Дамскиот накит од Македонија низ вековите“, која вечерва беше отворена во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.nakitot-na-drevnite-makedonki-3

Изложбата ја организира Археолошкиот музеј на Македонија во соработка со Министерството за култура, по повод 10-годишниот јубилеј на македонскиот културен центар. За бугарската публика таа ќе биде отворена до 10 јуни.

download

Во просторот на КИЦ во Софија во витрини се изложени 46 експонати од накит, кој датира од неолитот се до османлискиот период и 90 отсто е пронајден во гробови на некогашни великодостојници кои со своето украсување го покажувале и својот статус во општеството.

Изложбата на накит првпат гостува надвор од Македонија, а ја конципираше тим на музејот предводен од кураторот Ирена Колиштркоска-Настева.

Слични содржини