Данчо Масев осуден на четири години затвор

од desk2
175 прегледи

Поранешниот спортски директор на македонската фудбалска репрезентацијат Данчо Масев е осуден на четири години затвор откако призна вина за случајот набавка и продажба на дрога, во која првоосомничен е Раде Трајковски – Штекли.

Масев вчера заедно со уште тројца обвинети ја признаа вината.

Инаку Масев, до почетокот на оваа година беше спортски директор во репрезентацијата. Тој беше разрешен веднаш по отворањето процес против него.

Масев своевремено беше и член на Фудбалската федерација на Македонија.