На почетокот на неговиот втор мандат како претседател на САД, Доналд Трамп не ги освои точно симпатиите на Данците, особено поради неговите отворени коментари дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е автономна територија на Данска.
Наводно, републиканецот имал тежок телефонски разговор со данската премиерка Мете Фредериксен, а еден дански пратеник во Европскиот парламент отиде подалеку и му рече да „заборави“ на малку повулгарен начин.
Друг начин на кој Данците го изразија своето незадоволство од Трамп е преку колачи, пренесува „The London Economic“.
Сликата споделена на Редит покажува колачиња под името „Доналд Трамп – глупак“ кои се продаваат во данска пекара. Корисникот „PrincessRad“, кој ја објави сликата, ја објасни шегата зад оваа идеја.
It’s a wordplay on Danish ‘Kaj kage’ A cake that looks like a Green 🐸 from a Danish Kids TV show. ‘Kvaj’ is used for someone who has done/said something really stupid. To make up for doing/saying something really stupid you give ‘Kvajebajer’ – Aka ‘Moron’ beers as an apology. https://t.co/85jf1Kpom9 pic.twitter.com/zpyQLhc7Pi
— Sanjee #GoodGovernance🇱🇰🇪🇸🇧🇪🇪🇷🇿🇼🇳🇦🇫🇮 (@nomadic_sanjee) January 28, 2025
– Ова е игра со зборови базирана на данскиот „Kvaje kage“. Тоа се колачиња кои наликуваат на зелената жаба од позната данска детска емисија. Во исто време, зборот „Kvaj“ се користи за некој што направил/рекол нешто навистина глупаво. Кога правиш некоја глупост, во Данска се извинуваш со тоа што подаруваш „Kvajebajer“ или „глупави“ пива – како гест на извинување за глупоста што си ја направил.
Оваа шега има многу нивоа, но најважно е што ја исмева „глупоста“ на Трамп затоа што мисли дека може да го купи Гренланд.
Многумина го изразија своето задоволство од овие портокалови задоволства, а еден коментар гласеше:
„Данска треба да му испрати кутија од овие колачиња на Трамп“, се вели во еден од коментарите.