Данијела откри непознати детали за себе: „Владееше празнина во мојата мала душа“

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Данијела Мартиновиќ беше во врска со колегата Петaр Грашo 24 години.

Тој годинава се ожени со ќерката на Тончи Хуљиќ, Хана, со која ја доби ќерката Алба.

Данијела во оваа прилика не се огласи во медиумите, но неодамна даде интервју во кое ја коментираше својата одлука покрај пеењето да се испроба и во писателска дејност, а потоа откри некои детали за себе кои јавноста не ги знаела до сега.

„На деветнаесет години се запрашав која сум јас. Сите мислеа дека треба да скокам од радост, тогаш ја започнував мојата пејачка кариера, вкусив популарност. Но, владееше празнина во мојата мала душа. Зошто веќе тогаш? Нешто во мене бараше поголемо значење. Сепак, на таа возраст се плашев некому да го кажам она што го чувствувам, бидејќи веројатно ќе ми кажеа дека сум премлада за вакви прашања“, признала Данијела, а потоа открила како се чувствува денес.

„Сега сум слободна од самопрезир, од самоосудување, од самоотфрлање. Знаете, никој не може да не злоупотребува повеќе отколку ние самите себеси, а јас тоа го сфатив само со искуство“, изјавила пејачката, пренесува Story.

Слични содржини